Почетна КУЛТУРА Литература Прозарт медиа стана член на Интернационална алијанса на независни издавачи

Прозарт медиа стана член на Интернационална алијанса на независни издавачи

32

Издавачката куќа Прозарт медиа стана првиот член од Македонија на престижната Интернационална алијанса на независни издавачи.
Во Алијансата, којашто е оформена во 2002 година, членуваат повеќе од 800 издавачи од сите континенти, односно од шеесетина земји.
Алијансата се стреми кон промоција на независните издавачи, служи како место за експериментирање и размислување преку Опсерваторијата за библиодиверзитет, но и како лабораторија за алтернативни уредувачки практики. Алијансата организира и вмрежувања на издавачите членови, онлајн саеми на книга итн итн.
Една од целите во програмата 2022-2025 е потврдување и бранење на слободата и еднаквоста на говорот, а Алијансата ќе се бори и за враќање на рамнотежата помеѓу земјите извознички на книги и земјите увозници.
Преговорите за влез во Алијансата започнаа во 2022 година на Саемот на книгата во Франкфурт, каде што Прозарт медиа и уредникот Дејан Трајкоски беа поканети во престижната Invitation program заедно со 20 одбрани издавачи од целиот свет.
Неколку од авторите на Прозарт медиа веќе се претставени и промовирани пред издавачите на Алијансата.
Прозарт медиа е организатор на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан и на Скопје фелоушип програмата.

metropolis-big