Почетна КУЛТУРА Опера и балет Вечерва на малата сцена во МОБ изведба на комичната опера „Рита“

Вечерва на малата сцена во МОБ изведба на комичната опера „Рита“

Вечерва, 24 септември, 2019 г. со почеток во 20 часот, на малата сцена во Националната опера и балет ќе биде изведена комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен, но среќен завршеток.

Солистичка екипа ја сочинуваат: Александра Лазаровска Василевски како Рита, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски. 

Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Андрејa Наунов.

 

metropolis-big