Во чест на Светлана Христова- Јоциќ

87
Светлана Христова- Јоциќ (Ресен, 27 февруари 1941- Скопје, 27 април 2012)-  македонска поетеса, есеист и писател за деца.
Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“.
Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци”
Партнер: Петре М. Андреевски, Владо Јоциќ.
Деца: Сергеј Андреевски
***
Книжевно творештво:
Калесница (поезија, 1970)
Скришен ковчег (поезија, 1974)
Сињо (поезија, 1980)
Последна битка (повест за деца, 1980)
Алка за нишалка (поезија за деца, 1981)
Еа (поезија, 1984)
Хагада (поезија, 1987)
Зачатие (поезија, 1990)
Самечка ќелија (поезија, 1993)
Душница (избор поезија, 1993)
Гусларот (повест за деца, 1993)
Стровиште (роман, 1994)
Силенто (поезија, есперанто, 1995)
С. Бесмертна (поезија, 1996)
Голема молитва (поезија, 2000)
Крста и монистрото (2003)
На ште срце (поезија, 2012)
 
МОЛИТВА ЗА МАЈСТОРИТЕ НА НЕВЕСТИНСКИТЕ КОВЧЕЗИ
 
 
О, Господи мој, пријди.
 
Пријдиј поблиску од воздухот
 
поблиску и од светлината.
 
Со семе пријди.
 
Со семе украси.
 
Украси ги рацете на мајсторите
 
На ковчезите, невестините.
 
Пријди поблиску и поблиску
 
и од здивот поблиску.
 
Со посев пријди.
 
Со посев наполни.
 
Наполни ги ковчезите на невестите
 
Скришните, свадбените.
 
Испразни го, Господе мој
 
треперењето на пристите
 
 В раце држат Невен цвеќе
 
Води им ги рацете
 
Невен цвеќе дас засадат
 
спреди ковчег невестински.
 
Насобери стракој,
 
лисје пресвиено.
 
Отреби ги латиците свенатите.
 
Отклопи ги мој Господе
 
капаците, ковчезите
 
прекрени ги темниците.
 
О, Господе мој, пријди.
 
На ковчегот Невен зацутува.
 
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.