Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада 2023″

19
КИЦ- Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада“ 2023, во Битола.
Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.
Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции.
Официјалниот датум на оддржување на фестивалот е 24.08.2023 на платото на Офицерски дом- КИЦ Битола.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.