Концертот „New era“ направи магична вечер во Велес!

23

„New era“ на маестро Никола Мицевски во саботата вечер,19 февруари 2023 година, пред полната сала во Театарот „Ј.Х.К.Џинот“ во Велес донесе светски звук кој велешката публика го награди со громогласен аплауз. Заедно со неговиот бенд составен од 15-тина врвни музички имиња од Македонија и хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес под диригентската палка на Веселинка Маџарова и специјалниот гостин, еден од најдобрите гитаристи во државата и пошироко, Дамјан Пејчиноски, приредија концерт за паметење.
Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро звуци во служба на пијаното и солистички инструменти. Во последните години Никола Мицевски направи еден убав музички круг и “New Era” дојде како продукт во кој го збогати својот израз, додаде нови музички димензии и силна позитивна енергија намената за публиката која го препозна и почувствува сето тоа.
За визуелните проекции се погрижија Edit points од Велес, а позади објективите сето тоа го овековечија локалните 20two studio.
Општина Велес упати благодарност до сите вклучени во организацијата, како и до спонзорите кои дополнително придонесоа за хуманитарниот карактер на концертот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.