Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот “Вања Лазарова” 

45

19 мај 2024 

“Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата”, вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции “Гороцвет” и Хорот на Ансамблот “Вања Лазарова” од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други…

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот “Вања Лазарова” ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни “Ја излези Ѓурѓо” на Стража, “На Струга дуќан да имам” во Струга, “По пат одам” , “Железар”, “Брала мома капини” и други во Охрид .

Хорот е во организација на Ленче Чолаковска, а под диригентство на маестро Лазо Трпковски- Ласко.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.