Со поезија и уметнички цртежи, прославен Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

138

Здружението на просветни работници на Град Скопје во соработка со ОУ “Петар Поп Арсов” и со поддршка од Општина Карпош го одбележа 21 февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Истиот е прогласен од страна на УНЕСКО во 1999 година и е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
Модератор на овој настанот беше Катерина Митковска – Претседател на Здружението на просветни работници на Град Скопје и истата го отвори во своја поетска творба.
На настанот учествуваа и професорката Д-р Ванѓа Радевска која настапи со своја поетска творба на македонски и влашки јазик, Лилјана Стоилковска, професор по македонски јазик и литература, м-р по педагошки науки, поетеса и новинар која настапи на македонски и шведски јазик, ученичката Ана Марија Христовска од СМУГС”Д-р. Панче Караѓозов”, Бисера Матовска од училиштето домаќин “Петар Поп Арсов”.
-Настапија и поетесата Лидија Јеремиќ Лучко која настапи со своја поетска творба на македонски, српски и руски јазик, Матеја Стојановска од ОУ” Петар Поп Арсов”, Јана Коцевска од ОУ “Петар Поп Арсов”, поетеса и професор д-р. Вера Чорниј Мешкова од СМУГС “Д-р. Панче Караѓозов” која настапи со своја поетска творба на македонски и украински јазик.
Свои настапи во програмата имаа и ученичката Ана Андреевска од ОУ “Петар Поп Арсов”, поетесата професорка по македонски јазик и литература Благојка Филипчева – претседател на Здружението на просветни работници литературни творци на Македонија…
Поетски настап имаа и учениците од Приватното средно училиште “Јахја Кемал” под менторство на професорката по македонски јазик и литература Николина Јосевска кои настапија на македонски јазик, турски, корејски, албански и арапски. Тоа се учениците Марија Јанчевска, Ихсан Озгурпу, Адриана Реџепи, Андреј Канг, Амр Амб Ел – Азис…
Ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин го разубави овој настан со неговите уникатни слики со цвеќиња на мирот и пријателството кои ги подари на училиштето и присутните. Истиот настапи со две поетски творби кои пак на него му ги имаат подарено Блаже Конески и Десанка Максимовиќ.
Славењето на овој ден потсетува дека треба да се води грижа кон својот мајчин јазик, но и да ни укаже за присуството на други јазици кои треба да ги почитуваме и да ја промовираме лингвистичката разноликост и повеќејазичност низ светот. Секој јазик е нечиј мајчин јазик.
“Судбината на јазикот е и судбината на народот”, рекол Гане Тодоровски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.