Групна изложба “Среќата- што е тоа?”

62

Групната изложба “Бајката и бајковитото” оваа година е насловена ” Среќата -што е тоа?”, ќе биде отворена на 3 април ( среда) 2024 година во 20 часот во Галерија “КО-РА”- салон сутерен во Ј У Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје.

Со оваа традиционална мултимедијална групна изложба се одбележува светскиот Ден на среќата 20 март и Светскиот Ден на бајката 2 април оваа година се одбележани едновремено со заедничка изложба на група уметници, студенти и бројни учесници од повеќе генерации.

Досега учество најавија: м-р Марија Светиева, м-р Валентина Илијевска, м-р Назли Џан, м-р Билјана Билбилоска, м-р Славица Танеска, м-р Борјана Божиновска Ѓоргиевска, Гордана Квајо од Хрватска, Љубе Алексовски, Ивона Велковска, Виктор Бранѓолица, Маја Николовска, Ј.Ивановска, Анита Огњановска, Елизабета Костова, Дијана Петкова, Сузана Арсова, Јорданка Мирковска, Андријана Андреева, Нена Туниќ, како и група студенти од Европски Универзитет во Скопје, втора година графички дизајн, меѓу кои се Ѓорги Гошев, Тамара Макриева, Стефани Ушева, Меланија Стојанова Ивана Славковска.

Дизајнот на поканите и плакатите за оваа изложба е на м-р Билјана Билбилоска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.