Почетна ВРЕМЕПЛОВ 1 јули 1963-Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња...

1 јули 1963-Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња – She Loves You

1998

Битлси на 1. јули 1963 година , го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња – She loves you – во Велика Британија.

 

Битлсите  (The Beatles) беа поп и рок група од Ливерпул, Англија, формирани во 1960. година. Примарно составени во текот на нивната кариера од Џон Ленон, (ритам гитара, вокали), Пол Макартни (бас гитара, вокали), Џорџ Харисон (водечка гитара, вокали) и Ринго Стар (тапани, вокали), Битлсите се познати за водењето на музичката „британска инвазија“ во САД во средината на 60-те години од 20 век. Иако нивниот музички стил зема корени од рокенролот  на 50-те години, групата истражува голем број на жанрови.  Нивната облека, стиловите и ставовите ги направија тренд-сетери, додека нивнита социјална свесност влијаеше врз социјалните и културните револуции во 60-те. Откако бендот се распадна во 1970., сите четири члена продолжија со соло кариери.

Битлсите се комерцијално најуспешните и критички најпризнатите бендови во историјата на популарната музика, продавајќи над билион албуми интернационално. Во Велика Брианија, Битлсите продале повеќе од 40 различни синглови и албуми кои стигнале до број еден на британската топ листа;

Единствени во историјата на листата со 15 различни број еден албуми, но единствени и по многу други нешта во популарната музика во Европа и светот.

metropolis-big