29 февруари – Ден само во престапна година

22

29 февруари — 60. ден во годината според Грегоријанскиот календар , само во престапна година како 2024.

Престапна година (високосна или интеркаларна година) е година што има 366 дена наместо 365, односно, тоа е година која го содржи датумот 29 февруари.

Престапните години се начин за да се усогласат календарската година со астрономската година. Вистинската, односно астрономската година, која означува период за кој Земјата се завртува околу Сонцето, трае околу 365,2422 дена, така што при фиксиран календар со 365 дена, би дошло изместување на сезоните, односно годишните времиња. Едноставно кажано, доколку не се интервенира во пресметувањето на календарската година, со текот на времето би можело да се случи Нова Година да падне во лето, а грозјето би созревало во декември или јануари. Тоа се решава со вметнување (интеркалација) на еден дополнителен ден, кој ја зголемува годината на 366 дена. Во јулијанскиот и грегоријанскиот календар, тој ден се додава на февруари, кој во престапна година трае 29, наместо 28 дена.

Остануваат 306 денови до крајот на годината.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.