3. мај 1945 утврдена Македонската азбука

1438

3 мај е 123-иот ден во годината според Грегоријанскиот календар (124-ти во престапна година). Остануваат 242 денови до крајот на годината. На овој ден низ историјата значајни настани, од кои издвојуваме:

1500 -Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија.

1791– Донесен е т.н.Устав од 3.мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува Уставот на Сан Марино, а втор е Американскиот Устав од 1787 година).

1945– Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската збука.  Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија„ број 104, на 4 мај 1945 година.

1979-Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.