Концерт на Македонската филхармонија во рамки на „Гоцеви денови“

617

Македонската Филхармонија  ќе учествува на манифестацијата „Гоцеви денови“  во одбележувањето на манифестацијата „Гоцеви денови“.

На 4 мај (сабота) во Камерната сала на Филхармонијата во 19 часот, по повод 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, Камерниот оркестар на Филхармонијата ќе одржи концерт, а ќе биде збогатен со музички уметници – гости од Бугарија.

Под диригентство на маестро Христо Христов од Бугарија, оркестарот ќе изведе дела од Перголези, Сибелиус, Бах, Бетовен, де Фаља, Маскањи, Вагнер, како и неколку композиции од Христо Христов, посветени на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.