Почетна МУЗИКА Концерти Ема Попивода утревечер во Аудиокултура

Ема Попивода утревечер во Аудиокултура

19

Утревечер,  22 мај од 19.30 часот во скопскиот  клуб на културата и музиката Аудиокултура, свој концертна ќе има познатата уметница Ема Попивода, но во склад со нејзината уметничка големина овој пат специјално за неа ќе се донесе и пијано.

„Live at Audiokultura“ со Ема Попивода е насловен настанот на оваа сезона.

Музичката шареноликост и екстравагантност ќе бидат промовирани преку уште еден од низата „Live at Audiokultura“ настани на кој Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје.

Со почеток во 19:30 часот, Ема Попивода, преку оригинален музички перформанс, ќе нè води низ различни музички периоди и различни музички стилови обработени во класичен стил и за изведба на акустични инструменти.

Презентирањето на музиката на највисоко ниво е овозможено од КRITERIUM MUSIC кои специјално за овој настан, како што веќе спомнавме, ќе постават свое пијано во Аудиокултура, а звучната репродукција ќе се реализира преку системите од Теохаров аудио.

„Live at Audioikultura“ е поддржан и од Инвест Метал / Invest Metal и Винарија Камник кои ја делат заложбата на Аудиокултура за промоција на музиката и квалитетниот звук.

Настанот започнува во 19.30 часот и истиот е целосно резервиран при објава на двомесечната програма.

metropolis-big