Каролин сними песна “Ќе ти дојдам”, инспирирана од позната македонска песна

166

 По првата песна на мaкeдонски “Зора” на Каролин не ѝ требаше многу време за да ја издаде и нејзината втора песна со наслов “Ќе ти дојдам”. Идејата за новата песна која е и нејзина втора песна на македонски и (помал дел на српски) на Каролин потекнува од снимањето на кавер верзија на народната македонска песна “Ќе ти дојдам вечер” од Спасен Сиљановски. По објавувањето на платформата Тик Ток добива неверојатни половина милион прегледи и тоа беше доволна инспирација за Каролин да ја сними песната. Поточно текстот од рефренот е ист, но песната е во класичен 2000’s RnB стил – стилот кој ги одбележа нејзините тинејџерски денови. Секако дека Спасен беше контактиран околу авторските права.

Музиката и аранжманот се на Дони Балкан, текстот на Стефани Николиќ, микс и мастеринг на Сансимо. За песната е изработено музичко видео.

Промоцијата на песна се одржа во Angels caffe во Штип, каде во една позитивна атмосфера во преполното кафуле Каролин ја имаше можноста да ја изведе песната, а и да отпее и многу други песни, загревајќи ја атмосферата до точка на вриење. Специјално за промоцијата беше направена торта со принт од каверот на песната и многу други пропратни реквизити на таа тема што ја одбележаа вечерта.

Каролин ни ветува за брзо време дека ќе издаде уште една нова песна на македонски со прекрасен видео запис и дека сѐ почесто ќе биде присутна на македонската музичка сцена и по клубовите ширум државава.

Може да се погледне на Јутјуб на следниов линк 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.