Ryco го почна проектот на младински културни фондови на Западен Балкан

11

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) започна нов проект „Младински културен фонд на Западен Балкан“. Станува збор за повеќегодишен проект, финансиран од германското Министерство за надворешни работи и поддржан од владите на Западен Балкан, наменет за културни практичари и граѓански организации од областа на културата. Проектот има за цел да го поддржи културниот активизам предводен од младите и креативните решенија за итни социјални и политички прашања во регионот, преку придонес во регионалната соработка, интерукултурниот дијалог, градењето на мирот и помирувањето.

Поединци можат да аплицираат за грантови до 3.000 евра, додека граѓанските организации можат да аплицираат за грантови до 6.000 евра. Може да аплицираат до 12 ноември. Повеќе информации се достапни на веб-страницата на RYCO www.rycowb.org .

Отворање и промоција на проектот во Тирана

RYCO претстави нова иницијатива на почетниот настан во Тирана. Од истакнати министри и амбасадори до претставници на културата и страсни активисти, RYCO беше домаќин на разновидна група гости кои се потопија во вечер исполнета со уметност, музика и инспирација.

Воведни зборови на Бора Мужаќи, државен министер за млади и деца на Албанија, Карл Бергнер, Н.Е. Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Албанија, генералниот секретар на RYCO Алберт Хани и проект менаџерката Шерифе Исмаили ја поставија сцената за неколку инспиративни разговори одржани од активистите за култура и човекови права Никола Писарев и Бјешка Гури.

Министерката Мужаќи во воведниот говор истакна колку силно верува дека културата не зближува.

„Со нетрпение очекувам да ги видам првите победници и да ги видам првите активисти кои ќе бидат вклучени во овој проект и ќе ги произведат првите уметнички зборови за сите нас. И се надевам дека ќе ги видам низ улиците на Албанија и низ улиците на остатокот од регионот за да не зближат“, рече Бора.

Со поддршка на културните практичари и граѓански организации од целиот регион, RYCO би сакал да обезбеди одлични можности за младите да се изразат себеси и да бидат креативни, но и гласни за прашања што ги мачат.

„Културата отсекогаш ги надминала границите, бариерите, политиката, идеологиите и поделбите. Во свет кој понекогаш може да се чувствува хаотичен и поделен, културата може да послужи како обединувачка сила. Ако на тоа додадете младост и активизам, ќе добиете моќен катализатор на промени, многу потребен во нашиот регион. Со срце полно со ентузијазам и мотивација, ги покануваме младите луѓе со креативни идеи да ни се придружат во оваа пионерска иницијатива, за да можеме заедно да го промениме регионот“, рече генералниот секретар на RYCO Алберт Хани.

Проектот за Младински културен фонд на Западен Балкан е поддржан и од владите на Западен Балкан. Ќе трае до 2026 година, со неколку нови отворени повици секоја година.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.