“Свемирко” вечерва во МКЦ

103
“Иако музиката на бендот можеби и не е поп во класична смисла на дефиницијата, таа поставува трендови и ги поместува или дури и ги отстранува границите. Од своите почетоци и за само четири години, Свемирко лесно стана најбараната концертна сензација во областа населена со јужни Словени, додека клучната личност, главниот и креативен ум на групата – Марко Вуковиќ, не престанува да го испорачува ветеното и неочекуваното”-опишуваат од МКЦ.
Новиот, трет по ред студиски албум на Свемирко „Скаламерија“ е последниот дел од трилогијата „-ија“. Поразличен, повешт и попрогресивен во споредба со претходните албуми „Тунгузија“ и „Ванилија“, пред сè е достоен крај, ако не и најочекуваниот дел од оваа трилогија со епски размери.
Настанот започнува во 20. 30 часот со диџеј сет на Џано Куч.

 

Билетите по цена од 400 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk
Корисни линкови:
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.