Вечерва “Фолклорно- класична симбиоза”

42


На 14.12.2023 од 21.00 часот во Македонска опера и балет

“Фолклорно- класична симбиоза” е музичко- сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.
Повеќе од 130 учесници на сцената ќе прозвучат заедно во симфонизираните антологиски кореографии на Танец, „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и во многу други македонски орски и вокални мелодии, обсмислени во ново раскошно руво.
Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.
Оркестрациите специјално за овој проект ги направи Дарко Илиевски.

Диригент: Бисера Чадловска
Концерт- мајстор: Верица Ламбевска
Хор- мајстор: Ѓурѓица Дашиќ

Програма:
ОСОГОВКА
(Д. М. Алексов– Ѓ. Димчевски)

ВОДАРКИ
(Б. Велевски / Д. М. Алексов– Ѓ. Димчевски)

КАРАВЛАШКО ОРО
(К. Петровски– ар. Д. Илиевски)

ЧЕТВОРКА
(П. Атанасовски– ар. Д. Илиевски)

ПИПЕРКОВО ОРО
(Т. Огненовски– ар. Д. Илиевски)

МАЛЕШЕВКА
(Ј. Блажевски– С. Митев / В. Терзиски)

КОГА СЕ МАЖЕШЕ, ШТО ТИ СЕ ЧИНЕШЕ
(народна– ар. Д. Илиевски)

СВИТА ВО 12/8
(сплет народни песни– ар. Д. Илиевски)

ЖЕТВАРКА
(Д. М. Алексов– Ѓ. Димчевски)

АЈДЕ БОЛНО ЛЕЖИ МОЈТО ЛИБЕ
(народна– ар. Д. Илиевски)ДРАЧЕВКА
(народно оро– ар. Д. Илиевски)

ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ
(С. Каранфилов– С. Костовски / К. Зифовски)

Оркестрациите за Осоговка, Водарки, Малешевка, Жетварка и Пиринско пролетно цвеќе ги направи Дарко Илиевски.

Билетарница: 078 426 536 и 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.