ВО ЈАНУАРИ: Ромски бал, по 18 пат!

249

По 44. пат се одржува традиционалниот светски Ромски Бал, овој пат на 18 Јануари 2024 година во хотелот Александар Палас во Скопје. Светски се нарекува затоа што се собираат Роми кои во поголем број се иселеници или живеат подолго време надвор од нашата земја.
Инаку иницијатор за Ромскиот бал во почетокот беше Амди Бајрам, сега откако го нема, оваа традиција ја продолжува неговиот син Габриел Бајрам кој е и воедно претседател на најголемата партија на Ромите “Сојуз на Роми”. На овогодинешниот бал ќе настапаат поголем број на балкански ѕвезди меѓу кои: Светлана Цеца Ражнатовиќ, новата фолк балканската дива Теа Таировиќ (чии татко е Ром од Војводина) потоа Сара Рељиќ од “Ѕвездите на Гранд”, како и Весна со својата група “Џогани”, а покрај нив ќе настапат и многу познатите ромски пејачи Бернат, Ервин, Џефрина, како и Таркан од Белгија.
Официјален оркестар на Балот е “Оркестарот на млади таленти” од Скопје.
На балот исто така ќе се одбира Мис најубава Ромка.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.