Вечерва “Брас Квинтет” ќе свири песни од Тоше

21

Вечерва, 25 декември 2023 година, концерт со скопскиот “Брас Квинтет”. Овој пат на програмата ќе се најдат преработки на најпознатите песни од Тоше Проески.
Инспирирани од претходните концерти каде беа изведувани аранжмани од песни на светските Битлси, Квин, Мајкл Џексон, Шака Кан…
Скопскиот “Брас Квинтет”дојде до идеа за преработка на безвременските хитови на несомнено најпопуларниот пејач на овие простори.
Со изработката на овие аранжмани, се погриживме популарните песни на Тоше да влезат во нотниот репертоар за камерни ансамбли (по концертните изведби, нотите ќе бидат подарени на музичките образовни институции во Македонија) и истите да останат како постојан потсетник за убавината и љубовта за која Тоше пееше.
Огромна благодарност до Трајко Велков, кој што ги изработи овие аранжмани на врвно професионално ниво, прилагодени според изведбените и звучни карактеристики на лимените дувачки инструменти.

Билетите можат да се набават низ продажните места на МкТикетс или онлајн на:

БРАС ФАНТАЗИЈА ЗА ТОШЕ

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.