Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности Активистката Дина Факиќ доби Цветинова награда за мир

Активистката Дина Факиќ доби Цветинова награда за мир

457

Цветиновата награда за мир деновиве беше доделена, овој пат на млада активистка Дина Факиќ од Скопје, вклучена на полето на хуманитарните акции. И покрај својата здравствена ситуација, таа редовно помага во активности и кампањи за подигнување на социјалната свест кај луѓето и за правата и еднакво прифаќање на лицата со попречености.


Воедно, ова е најмладата личност која ја има добиено оваа награда од рацете на нашиот уметник и хуманист, но и повеќекратен кандидат за Нобелова награда за мир, господинот Живко Поповски Цветин.
Наградата ќе ѝ донесе уште поголем мотив на младата девојка, за и натаму непоколебливо да зема учество секаде каде што е потребна.

metropolis-big