ДПМ: Перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Сирија

22

Утре (13.2.2023, понеделник) со почеток во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Сирија.
Акцијата ја организира Друштвото на писателите на Македонија заедно со писателот Венко Андоновски.
Имено, авторот Венко Андоновски, кој е годинашен добитник на наградата Стале Попов за неговиот роман Папокот на светлината, на петнаесет ликовни платна ќе испише петнаесет одбрани авторски реченици- пораки, кои потоа ќе бидат понудени на хуманитарна аукција на фирмите во Скопје и Републиката за донирање средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.