Средствата од “Гајрет” ќе бидат наменети за настраданите во земјотресот

42
Exif_JPEG_420

Во четвртокот, на 9 февруари 2023 година во Филхармонија се одржа импресивен концерт, насловен “Гајрет”, кој, поради трагедијата што се случи, беше посветен на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Чувме инспиративна изведба на македонската перкусионистка Мојца Седеу, како и од гоститете од Турција- Бурџу Карадаг и Ајкут Коселерли и оркестарот на Филхармонија, воден од диргентот Лубнан Баалбаки од Либан.
Едноминутно молчење за жртвите и стоечки овации за изведувачите, беа посветени на настраданите, а средствата од купените билети, Филхармонија ќе ги донира за настраданите во земјотресот.
Повеќе фотографии од настанот, кој го посетија многу познати музичари, како семејството Тавитјан, Влатко Стефановски, Гоце Стевковски, семејството Шукри, Весна и Александар Микиќ и други може да видите на следниот линк на фотографиите што ги направи фотоуметницата Маја Аргакијева.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.