Како да имате совршен тревник?

2045
Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на почвата, го намалува шумот и ја намалува температурата околу куќата во топлите денови. Основната нега подразбира нега на тревникот и борба против плевелите.

Ретката трева кој подолго време не се обновува и досејува, прениското косење, неправилно засадениот тревник, неправилно прихранет тревник и уште многу други, се главни причини за раст и развој на плевелите во вашиот тревник. Доколку дозволете плевелите да се рашират, ги зголемувате шансите да ви го уништат тревникот.

Едногодишните плевели кои обично се појавуваат на нови тревници, може да се уништат со редовно косење и правилно одржување на тревниците.

Повеќегодишните плевели може да се сретнат во секој тревник. Не можете да се ослободете од нив со косење, но неопходна е селективна примена на хербициди. Треба да се биде внимателен кога се третира со хербициди, за да се спречи горење на тревникот. Најдобро, препуштете го третманот со хербицид на некое стручно лице.

Тешко уништливи плевели – нив можете да ги уништите само со специјални хемиски препарат. Покрај примената на хемикалии, најефикасен начин е рачно да се откорне/пресече плевелот заедно со коренот со помош на остар нож.

Мовта е еден од најголемите проблеми во тревникот. При формирање на мов, најголемо влијание имат неколку фактори: недостаток на ѓубриво, ниско косење, лоша дренажа, набиена земја. Пред да започнете со борба против мовта, треба да ја утврдите причината за нејзино појавување. За уништување на мовта постојат хемиски препарати кои ќе ви ги препорача стручно лице.

Погледнете го видеото и дознајте како најдобро да го заштитите вашиот тревник од досадните плевели:

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.