Овошен коктел за летните жешки приквечерини

1030

Кога жешките јулски денови ќе стивната ,вистински начин како да с еосвежите е да си подготвите овошна салата,коктел од сите сезонски овошја, а нив во овој дел од годината ги има многу.

Земете четвртина лубеница, половина диња, три праски , 5-6-кајсии, рака вишни и малку кокос.

Како дополна земете една рака сув ананас, сливи, малку бдеми и лешници.

Сето тоа исецкајте го во голема шерпа на коцки, убаво измешајте го и откако ќе го поделите во помали чинии, ставете по една лажица шлаг и една топка сладолед.

Подгответе го додека сте сите дома и со сласт освежете се. Бидете подготвени за летните вечерни прошетки.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.