Почетна ЖИВОТ Хортикултура Легенди за темјанушките

Легенди за темјанушките

2034

Нешто интересно… Римската легенда зборува за една млада убава и невина девојка, која била жртва на бес. Кога Купидон ја прогласил таа девојка за најубава, една од божиците, болна од љубомора, ја тепала девојката се` додека таа сосема не помодрела. Тогаш се претворила во малечок цвет – темјанушка.

Доказ за славната историја на темјанушките е нивната поврзаност со боговите на Олимп. Според легендата, Зевс имал љубовница која се викала Ио. Кога неговата жена Хера се посомневала во тоа, за да ja скрие вистината и да ја заштити Ио од својата љубоморна жена, тој ја претворил Ио во бела крава. Ио многу страдала и постојано плачела, а Зевс за да ја ублажи нејзината болка, солзите ги претворил во мали, убави цвеќиња – денешните темјанушки.

 

 

 

Темјанушките биле омилено цвеќе на Наполеон Бонапарта!

metropolis-big