Со “Моќта на поезијата” се чествуваше моќта на Петре М. Андреевски

25

Во Организација на Здружението на пензионери на Општина Центар и Здружението на просветни работници на Град Скопје, а во соработка со Општина Центар на 21 март 2024 година, се одржа манифестацијата “Моќта на поезијата” во Музејот на Македонската борба за самостојност.

Датумот се поврза со 21 Март, Светскиот ден на поезијата и чествување на 90 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво Петре М. Андреевски. По распишаниот јавен повик за учество, во изминатиов период, беа напишани грст поетски стихови посветени на великанот, со кои на оваа манифестација се претставија автори пензионери и просветни работници, кои живеат или работат на територијата на Општина Центар.

Свој настап имаше “Елегија”, хорот на пензионери при Општина Центар, музичарот Ванчо Арсов со гитара, соработници и поддржувачи.

Посебно значење на настанот му даде присуството на ликовниот уметник Сергеј Андреевски син на Петре М. Андреевски, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Центар.

На авторите учесници им беа доделени благодарници, а свечениот импресивен настан кој започна со интонирање на химната на Република Македонија, понатаму во програмата и со изведба на омилената песна на Андреевски “Си заљубив едно моме”, заврши со заедничка музичка точка на учесниците и присутните во публика, кои пееја во едно грло познати народни песни.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.