Почетна Литература Licentia poetica Ќе се одржат “Преспански треперења 2024”

Ќе се одржат “Преспански треперења 2024”

70

 

“Преспански треперења 2024”, манифестација на поетско читање во чест на Свети Кирил и Методиј и промоција на збирка од група автори, ќе се одржи во дворот на црквата Св.Кирил и Методиј во с.Стење на 24 мај во 12 часот.

Ќе се доделуваат благодарници за учество и збирка на секој учесник.

Ќе има изложба со уметнички дела и икони од учесниците.

Програмата ќе биде збогатена со музички точки од професионални музичари.

Ќе се служи и црковно гравче од кумовите и ќе има дружење.

– Голема заедничка прослава на овој голем празник во чест на сесловенските просветители и да создадеме убави спомени кои долго ќе се паметат!, порачува организаторот.

metropolis-big