Почетна МУЗИКА Концерти “Глумците пеат” на крај на овој месец

“Глумците пеат” на крај на овој месец

132

23.03.2024

Едно време ја креваше публиката на нога, “Глумците Пеат”, музички спектакл со овации и аплаузи!

По долга пауза се врати срамежливо минатата година, а оваа година се враќа во целосна форма.

Некогаш, под водство на идејниот творец и обожаваниот актер Марин Бабиќ, се одржуваше на 27 Март, по повод Светскиот ден на театарот, овој пат ќе биде на 29 Март во Националната опера и балет.

Она што неофицијално го дознаваме ќе има реприза и на 30 Март, затоа што билетите за првата претстава биле продадени онлајн во рок од еден час.

40 глумци на сцена се гаранција дека ќе биде спектакуларно, режисер е Дејан Пројковски, свири “Баги биг бенд”, а диригира Љупчо Мирковски.

 

metropolis-big