Градски дувачки оркестар со новогодишен концерт на 16 декември

108

Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален новогодишен концерт на 16 декември (четврток), со почеток во 19 часот во МКЦ, сала 25 Мај. Влезот е слободен, со претходно подигнување на бесплатен/протоколарен билет на билетарница во МКЦ.

На концертот ќе биде изведена следната програма:

Forever and ever – arr. Х. Еминовиќ
Herb Alpert Golden Hits – arr. Steve McMillan
What a wonderful World – arr. R.Stitzel
Final count down – J.Tempest
Money, Money – arr. Х. Еминовиќ
Љуби ме у главата горе – arr. Х. Еминовиќ
Sway- arr. M.Taylor & Х. Еминовиќ
New York, New York – J.Kander
G.Miller Parade – arr. Rudi Selfert Kresbornn
Gipsy song – В.Стефановски – arr. Х. Еминовиќ
Proud Mary – arr. Х. Еминовиќ
Brazil Samba – arr. Х. Еминовиќ
Radetzky Marcsh – J.Strauss

***

На иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар во март 2006 година се формираше Градски дувачки оркестар. Оркестарот од самиот почеток па се до денес има настапувано на сите манифестации во градот Скопје и другите градови во Републиката. Репертоарот на оркестарот е богат и разновиден, се изведуваат дела од сите жанрови. Во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за Музичка уметност.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи.

 
https://m.facebook.com/events/438278567857204/
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.