– СУПЕРХИКС со концерти во Софија и Солун

4
Суперхикс повторно го освојуваат регионот! Музичкиот состав најавува целовечерен соло концерт во култниот музички клуб “Строежа”  на 21 септември во Софија на што следи и краток акустичен сет во “Catch A Fire shop” Софија, додека вториот настап е во Солун на 23 септември како дел од популарниот “Street Mode Festival” каде бината повторно ја делат со легендарните њујорчани “Fun Lovin’ Criminals” по нивниот заеднички настап на Таксират, 2003 година.
Покрај Fun Lovin’ Criminals на фестивалот настапуваат и планетарно популарните “Villagers of Ioannina City”, “Deliquent Habits”, “1000MODS”, “Planet of Zeus” и уште многу други. Суперхикс ќе се претстават пред грчката публика со свој 50 минутен концерт.
Ова е само втор настап во 28-годишното постоење на Суперхикс во Грција по настапот пред 10 години на Balkan Festival, кој се одржа исто така во Солун.
Доколку планирате викенд во Солун, не прошуштајте ги Суперхикс на Street Mode Festival. https://www.streetmode.gr/
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.