Блаж Маротов ја објави песната “Лаго моја”

100

Новата песна “Лаго моја” на Блаж Маротов е веќе во етерот, на радио станиците, а со спот јутјуб и на социјалните медиуми.
Станува збор за уште една негова одлична песна, на која тој е потпишан како автор на музика, аранжман, продукција и изведба, а свири “живи” гитари, бас, клавир и придружни вокали. Текстот е на Огнен Неделковски.
-Текстот го имав уште на почетокот на пандемијата, ама поради редот на нештата и работата на многу други обемни музички материјали, пред се албумот со забавни песни “Среќа барам” и албумот со етно преработки “Класика М”, оваа песна почека и редот на “Лаго моја” и дојде сега. Малку е во во изменет стил, за разлика од првата сосема различна верзија, но сепак на мое и на задоволство на Огнен. Во песната учествува и мојот колега професор Петар Колевски на кларинет. Мастерингот го направи Диџеј Партимен, ни откри авторот и изведувач.
И спотот е негова замисла.
-Во спотот се користени материјали од преубавиот “Ресорт Портонови” во близина на Херцег Нови, и некои скопски локации, како “Хантерс Лоуџ Камник”, Градски парк, Автокоманда… Во спотот мој гостин е и Дамјан Ѓоргиев и Петар Колевски…
Послучајте како маестро Маротов одлично ги отвири гитарите, на кое врвно музичко ниво. Открива уште една голема вештина на овој проверен музички мајстор.
-Песната “Лаго моја”, ми е драга, и очекувам добар и топол прием кај публиката, додава на крај .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.