Сензорна соба и во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп

21
Прилеп, 18.10.2022
Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делечев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.
Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децатаи да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваатнивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираатнови задачи, како и да развиваат социјални релации.
Iute Creditкако општествено одговорна компанија по втор пат се приклучува кон иницијативата за подобрување на капацитетите училиштата вклучени во проектот и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба.
„И овој пат сме среќни што имаме можност заедно со фондацијата „Чекор по Чекор” да бидеме дел од изградбата на сензорна соба која со сигурност ќе им помогне на учениците кои имаат потреба од неа да напредуваат и полесно да ги совладаат наставните материјали. Секоја инвестиција во ваков тип на проекти ја гледаме како инвестиција во едно поздраво и понапредно општество каде децата и младите имаат еднакви шанси за развој, квалитетно образование и поубава иднина“ – рече Јасмина Апостолоска од Iute Credit.
Општина Прилеп, која е дел од семејството на грантисти на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, со задоволство ја потврди неопходноста од развивање на партнерски однос со цел создавање на инклузивни училишта во земјата.
„Оваа сензорна соба за нас е симбол на соработката која се остварува меѓу училиштата, донаторите, невладините организации и општествено одговорните компании. Благодарност до тимот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој заедно со „Iute Credit“ ги препознаа нашите потреби и создадоа место кое ја подобрува инклузивноста во нашите општински училишта. Нашето образование е толку квалитетно колку нашата способности да се грижиме за оние кои се најранливи. Со овој чекор веруваме дека денес правимепридонес кон обезбедување на квалитетно образование.“ – велиВлатко Петкоски во име на Општина Прилеп.
Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“истакна дека сензорните соби претставуваат инструмент за подобро учење и развој на учениците со попреченост, а со тоа сме и поблиску до квалитетно образование за секое дете.
„Оваа е 17 сензорна соба реализирана како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Тие се опремени со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. Изборот на опремата и елементитево опремувањето на секоја сензорна соба, го правиме низ консултативен процес со специјалните едукатори, педагозите, психолозите и наставниците во училиштата со цел тоа што ќе се набави да одговара на нивните потреби, за да можат тие максимално да ги исползуваат во нивната работа.“ – изјави Џајковска.
Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата. Подготовката и крајниот резултат од оваа активност може да ги погледнете на следниот линк:
https://youtu.be/zEhE0jLRDOY
Проектотго реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.