“Локомотива” организира работилница „Чувствени алатки за танц“

18

“ЛОКОМОТИВА” , Скопје ja организира последната КУЛТРЕНИНГ работилница за кореографија и танц на 5ти ноември 2022, 13-15 часот заедно со танцовиот уметник и кореограф Бобан Русески во Кино Фросина во Младинскиот културен центар.

Пријавете се на [email protected] најдоцна до 04.11.2022, бројот на учесници е ограничен.

Работилницата „Чувствени алатки за танц“ со Бобан Русески ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со можностите за телесно ангажирани движења и алатки за креирање и поставување на сопствени кореографии.

Работилницата ќе се одвива во два дела, од која првиот дел е загревање и изучување на техника на под, по која следи развивање и продолжување на работа на кореографско дело „Општествена критика“, дело на Бобан Русески поставено во 2019 год. (за фестивал за млади кореографи “DanceLab” со еден танчер, во 2020 година на фестивалот ‘’Танц Фест’’ е преработено истото дело со доаден вокал и актер на самата сцена и е насловено ‘’Јас&Сара- Општествена критика’’, во 2022 година. На фестивалот за танц ‘’Танц Фест’’ е поставена со нова постава, поточно тројца танчари и е насловено „Општествена критика“ со музика на Мартин Модент, костимографија на Мите Занов, визуелен уметник Ива Станковска).

Во оваа претстава кореографијата работи на принципот на манипулација, реферирајќи на четири типа на манипулација, и тоа: општествена/историска/себствена/и телесна (со очите).

На работилницата, Русевски заедно со учесниците ќе продолжи да истражува за манипулацијата, што е значењето за поединецот, односно како секој од нас ја препознава, се однесува кон неа, и какви реперкусии има за општеството.

Методот на истражувањето на манипулацијата ќе биде преку слободно движење и перцепција, чувственост и емоција.

Претходно искуство не е потребно за учевство на работилницата.

Бобан Русески (роден 1996), има завршено средено образование во “ДМБУЦ Илија Николовски – Луј” насока модерен и џез балет. Тој ја завршува последната година од своите студии при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип во катедрата за современ танц под менторство на Др.Проф. Рисима Рисимкин. Активен е како стажист на Скопје танцовиот театар и е дел од 20 продукции со кои остварува повеќе од 60 изведби на добро познати фестивали низ земјата (“Танц Фест Скопје”, 2016-2021; “Share Festival”, 2018; “DanceLab”, 2017; “МОТ”, 2014,2021;) и странство од кои дел се: “Holland Dance Festival” (Хаг, Холандија, 2018), “Battery Dance Festival” (Њујорк, САД, 2018), “Maritime Silk Road Festival” (Шенжен, Кина, 2017) и неколку кампови и работилници за изведбени уметности како “Step Afrika” во Загреб, Хрватска, “Dancing to connect”, во организација на “Battery Dance Company”. Во 2019 година, учествува на фестивалот за млади кореографи “DanceLab” (Скопје, Македонија) со својата кореографија “Јас и Адри”. Во 2020 г. ги креиира и другите две кореографски дела “Јас и Сара, социјална критика” и “Гробно место”. Во 2021 година тој се појавува како кореограф и режисер на делото “Парадоксот на Диоген” од истоимената драма на Томе Арсовски и во “Јовано, Јованке” како кореограф. Основач и активен член во здруженијата за танц и тоа “Икс на квадрат” и “Лудон”. 🔸

 

 

*****

 

Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар.

Фотографија на Студио Куника, плакат на Зорица Зафировска.

Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.