Почетна МУЗИКА Забавна Музика Бејби Лазања ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија 2024“

Бејби Лазања ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија 2024“

56

Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“ е победник на овогодишниот фестивал „Дора“, и ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, во мај 2024 година.

Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите победата му ја посвети на семејството.
Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност.
Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и 247 според гласовите од публиката.
Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За, но таа ја поздрави неговата победа.

metropolis-big