Синоќа во Битола заврши културното лето „БитФест“ со спектакуларен проект „Bitola Art Mapping”, со 3Д мапинг, музика и интерактивни инсталации.
Публиката имаше можност да проследи бројни културни настани, организирани од Општина Битола, на кои во фокусот беше македонската музика, култура и традиција.
Во соопштението по повод завршувањето на Битфест 2025, се вели дека годинешното издание отвори можности за младинска креативност, за театарска уметност како и за врвни класични изведби и за содржини посветени на најмладите. Посебна гордост се настаните што оставија траен впечаток, односно спектакуларниот концерт на Армин ван Бурен на Стадионот, фестивалот „Илинденски денови“, „Широк Сокак во бело“, „Битолино“, „Локум фест“ и многу други, соопштија од „БитФест“.






























