Во тек е Меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“

Во манастирот Св.Ѓорѓија, прилепско, во полн ек е 17-та меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“ што ја организаира ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп, со поддршка на Министерството за култура и туризам.

До 5-ти септември, тука ќе творат уметниците од Македонија,  Хрватска, Србија и Црна Гора: Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ, Звонко Павличиќ, Снежана Манасиќ, Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска.

Уметниците  создаваат  нови уметнички дела, што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот а сите дела од годинашната колонија, ќе бидат презентирани на изложба во Центарот за култура, во ноември.

И оваа година колонијата е поддржана од  Министерството за култура и туризам
Во депото на ЦК „Марко Цепенков“ досега има над 430 уметнички дела од современата ликовна уметност, што се национално богатство.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.