Со последната фестивалска вечер одржана на 6 септември на плоштадот во Гевгелија, заврши јубилејното 15. издание на Баскерфест – најголемиот уличен фестивал во Македонија и еден од највозбудливите и најпрепознатливи културни настани во регионот.
Под мотото „Побарај ја забавата“, Баскерфест оваа година, по неколкугодишна пауза се врати посилен и повозбудлив од кога било досега, носејќи ја уметноста директно до граѓаните и претворајќи ги плоштадите, улиците и јавните простори во сцени полни со енергија, боја и магија.
Фестивалскиот караван започна на 25 август во скопската општина Кисела Вода, а потоа продолжи во Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово, за од 1 до 4 септември повторно да се врати во главниот град, гостувајќи во општините Бутел, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров. Последните два фестивалски дена беа резервирани за Куманово и Гевгелија.
Вкупно 13 локации во 9 градови низ земјата беа дел од ова двонеделно патување, кое собра илјадници посетители и љубители на уличната уметност со повеќе од 20 интернационални уметници од четири континенти,

































