Во Куманово- Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно  творештво” на Боро Арсовски – Бабата

На 23.09.2025 (вторник) со почеток во 20:00 часот во Национална устанoва 
Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе 
биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно 
творештво” на Боро Арсовски – Бабата.
Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. 
Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно изработува скулптури во камен и керамика – 
теракота. Првпат излага во 1971 година со ДЛУК од кога е и член на друштвото со кое 
настапува на многубројни годишни изложби ширум Југославија. Член е на УСУ-Галерија “Југославија” Белград. Од 1986 година членува во УСУ “Трета димензија” Белград. 
Учествувал на преку 30 меѓународни ликовни колонии на наивна уметност во : Риека, 
Загреб, Петриња, Врбовец, Нови Винодолски – Р. Хрватска, Сански Мост, Лукавац – Р. 
Босна и Херцеговина, Врање, Светозарево – Р. Србија, Требње – Р. Словенија. Има 
учествувано на преку 200 групни изложби и 4 самостојни. Неговите дела се лицитирани 
на неколку аукции во Белград и Скопје, за кои имало најголем интерес, најдолго се 
лицитирани и најскапо продадени. Неговите слики се наоѓаат во многу Галерии, Музеи и приватни колекции ширум светот. За творештвото на Арсовски се снимени 2 
документарни филма. Едниот во продукција на Македонска Радио Телевизија, а вториот 
филм е снимен за меѓународениот филмски фестивал “Златни сунцокрет” во Р. Србија кој е награден со златна плакета. Боро Арсовски –Бабата живее и работи во Куманово, како самостоен сликар –наивец и сопственик е на уметничка Галерија “Art Gallery Arsovski”.
Проектот е од националено значење во културата од  годишната програма на 
Национални установи за 2025 година поддржани од Министерство за култура и туризам 
на Р. Македонија. 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.