Почнува Ре-култура#2- Денови кога ќе се слави младинската култура

Kафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ на 25, 26 и 27 септември ќе бидат домаќини на второто издание на фестивалот за алтернативна и критичка култура „Ре-култура“, во организација на Здружението „Култура Бета“.

Настанот, кој веќе во своето прво издание ја доби поддршката од младите креатори и љубители на уметноста, се профилира како една од ретките платформи во Македонија што обезбедува автентичен простор за младинска, независна и критичка културна сцена.

Фестивалот започнува со поетско матине, а меѓу централните содржини се промоцијата на списанието „Тригер“ и на новата стихозбирка на младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски. „Вакви промоции се повеќе од културни настани, тие се порака дека младите имаат што да кажат и дека нивниот глас мора да се слушне,“ вели Качоровска. Од музичките настани најавени се настапи на млади музичари, диџеј сетови и проектот „Иш и јас“, а фестивалот ќе заврши со енергичниот сет на „Турбо ХХХ клуб“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.