Новиот филм на Леонардо Ди Каприо руши рекорди

Првиот заеднички проект на режисерот Пол Томас Андерсон и холивудската ѕвезда Леонардо ДиКаприо – филмот „Една битка по друга“ – веќе поставува нови рекорд.
Иако штотуку стигна во кината, филмот доби исклучително позитивни критики и во моментот има неверојатни 98% рејтинг на Rotten Tomatoes врз основа на 161 рецензија.
Со ова, „Една битка по друга“ стана најдобро оценет филм во долгата кариера на ДиКаприо, симнувајќи го од врвот филмот „Фати ме ако можеш“ (2002) на Стивен Спилберг, кој со години го држеше рекордот со 96%.
„Жестоко политички, полн со црн хумор, автомобилски потери и заглушувачки престрелки – филмот не наликува на ништо што Андерсон претходно снимил“, напиша критичарот Крис Еванџелиста од Slash Film, прогласувајќи го за „најдобар филм на годината“.
Филмот е инспириран од романот Vineland на Томас Пинчон и ја следи приказната за група поранешни револуционери кои, по 16 години, повторно се обединуваат за да спасат ќерка на еден од нив.
Покрај ДиКаприо, кој го игра остарениот активист Бен Фергусон, во филмот настапуваат и Шон Пен, Бенисио дел Торо, Регина Хол, Тејана Тејлор и дебитантката Чејс Инфинити.

преземено од: N1info.rs

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.