Овој октомври, и тоа три вечери, на 23, 24, и на 25. ќе се одржи 40. јубилејно издание на славниот штипски фестивал „Макфест“.40 години “Макфест “ е наш незаменлив фестивал , благодарение на плејада на музичари, автори, изведувачи, продуценти и организатори, како и поддржувачи на овој реномиран Фестивалски македонски бренд.
Првите две вечери ќе настапат, главно, некои нови музички имиња, додека третата вечер ќе биде исполнета со голема гала-програма, а која по пат на евровизиската снимка ќе можат да ја видат и гледачите ширум Европа. На истата сцена како некогаш ќе оживеат некои од најголемите фестивалски хитови и песни победници кои го обележале животот на многу генерации.
Стојан Троицки е идеен творец на фестивалот, човекот кој со својата визија успешно го туркаше „Макфест“ да стане и да остане заштитно име на Штип и на Македонија, а и пошироко.
Третата гала-вечер ќе уживаме во макфестовските евергрини: „Ангели ме носат“, „Осамен“, „Не враќај се, не буди ме“, „Твоите очи сине“, „Виолина и гитара“, „Свирете ја зајди, зајди“, „Долга зимска ноќ“, „Кога те нема“, „Ѕвона ѕвонат“, „Кој да ти каже, Ивана“, „Магија“, „Чили вили“, „Кажи љубов“, „Немам одбрана“, „Врати ми го сонцето“, „Еден бакнеж“…….
На сцената, на големо задоволство на публиката, ќе настапат и: „Силви бенд“, Олгица Христовска, Владо Јаневски, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски-Џафер, Сашко Гигов-Гиш, Антониа Гиговска, Мартинијан Кириловски, Биба Додева, Тања Кочовска, Ламбе Алабаковски… како што информираат од Фестивалот.