Во Струга се одржа „Остен арт Скопје – Остен Биенале на наградени автори 2025“

Галеријата „Остен“ од 19 до 28 септември во Струга го организира настанот „Остен арт Скопје – Остен Биенале на наградени автори 2025“, на кој учествуваат Роберт Дандаров,  Мице Јанкуловски, Јорго Ксенос од Грција, Ристо Мијаковски,  Данчо Ордев, Новица Трајковски и Симон Шемов.

„Остен Биеналето на наградени автори“ е една од главните активности на Остен арт – институција од областа на културата за музејска и галериска дејност, која се одржува во непарните години и се состаи од прогама за престој на уметници, изложба и доделување награди. Организаторот поканува наградени уметници на Остен Биеналето Скопје да творат заедно, да споделуваат идеи и да се дружат. На самиот крај на манифестацијата, се изложуваат креираните дела и уметниците добиваат награди: Гран при, Посебно Гран при и Награда Залтен остен, соопшти „Остен“.

Водејќи три светски манифестации (Светската галерија на карикатури, Биеналето на современи визуелни уметници и Биеналето на наградени автори), посочува „Остен“, „особено внимание обрнува на македонските уметници како дел од глобалната уметничка сцена“.

Во следниот период, изложбата ќе биде организирана и во Скопје, за што јавноста дополнително ќе биде известена, информира „Остен“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.