На 7 октомври 2025 (вторник) во Македонска Филхармонија во мала сала, од 20 часто ќе се одржи концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари.
На истата сцена, во единствена музичка средба, ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Џез академијата – Штип, заедно со искусните членови на Националниот џез оркестар.
Овој концерт, кој се одржува по втор пат, ја продолжува успешната традиција на соработка меѓу младите таленти и Националниот џез оркестар. Настанот претставува значаен чекор во афирмацијата на новата генерација џез уметници, овозможувајќи им да настапат рамо до рамо со докажани професионалци и да го развијат својот уметнички потенцијал.
Со оваа иницијатива се создава простор за меѓугенерациска размена и се поттикнува развојот на џез културата во нашата држава.
Влезот е слободен за сите што сакаат да бидат дел од ова значајно музичко искуство и заедно да ги поддржите младите уметници на нивниот творечки пат.