НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ – „Зорба Гркот“ повторно во Скопје

Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, беше одржан концерт по повод 100 години од раѓањето на Микис Теодоракис – еден од најголемите композитори на 20 век.

Неговиот музички опус опфаќа многу симфонии, ораториуми и песни што станаа химни на отпорот и слободата, а меѓу широките маси е познат по музиката за филмовите „Зорба Гркот“ и „Серпико“.

Паралелно со неговото уметничко творештво, Теодоракис остана запаметен и како симбол на демократските идеали, што ја претвори неговата музика во универзален јазик на надеж и достоинство.

„Веруваме дека универзалноста на музиката на Теодоракис е она што и денес ја прави блиска и разбирлива за сите генерации. Таа носи порака што ги надминува границите и културните разлики и ги поврзува луѓето низ емоцијата, уметноста и заедничките вредности“, изјавија организаторите на концертот.

Во изведба на реномираните грчки музичари Клеоники Демири (вокал), Акилиас Гуастор (пијано), Лефтерис Гривас (хармоника) и Димитрис Куфогиоргоc (мандолина и бузуки), публиката имаше можност да ужива во прекрасните дела на Теодоракис.
Демири е позната по своите интерпретации на големите имиња од грчката музика и има настапу на бројни сцени во Европа, додека нејзините соработници, искусни инструменталисти со богата концертна кариера, чија изведба се карактеризира со прецизност и автентичен звук.

Мартин Матас

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.