Во КО-РА, изложба на дизајниран накит и облека “IMAGINATION” од   Александра Вељановска

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, со особена чест Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на дизајниран накит и облека  , “IMAGINATION” од   АЛЕКСАНДРА ВЕЉАНОВСКА , AVEL CLOTHING  AND ACCESSORIES
 Изожбата ќе се отвори на  10.10.2025 (петок) 18:00 до 22.00 во ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ – мал салон, на  ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје
 Александра Вељановска твори под име AVEL CLOTHING  AND ACCESSORIES .
Позната е како  дизајнерка на накит и други модни креации и  активно е присутна во сферата на визуелните уметности, претставувајќи ги своите колекции во рамките на самостојните изложби но и во рамките на повеќе групни изложби кои се од тематски ангажиран карактер, со што го потенцира значењето на модата како неразаделен дел од нашето секојдневие, но и од нашето културно минато и традиција.
 Дипломира 2015 година  на Европскиот Универзитет во Скопје, на Факултетот Арт и дизајн, во класата на проф Д-р Јана Манева Чуповска, Учествува на преку 30 -тина групни изложби помеѓу кои се изложбите посветени  на музиката и танцот, насловени „Вечното Танго“, изложбите од еколошки карактер по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата, изложбите по повод Денот на Европа и други проекти.
Овој проект е поддржан во рамките на Годишниот конкурс на Галерија „КО-РА“ ,ЈУ Домот  на кулчтура „Кочо Рацин“ -Скопје  и Град Скопје со можност за користење на простор за реализација на изложбата.
Проектот е насловен „IMAGINATION”  и има за цел афирмација на ретро дизајн  поврзан со периодот на минатиот век, на дваесеттите, триесеттите, шеесеттите години и според авторктаа „овој проект нуди времеплов каде што старото се спојува со новото и со техниките на изработка збогатени со нота  на денешното модерно секојдневие.Во колекцијата ќе бидат доловени  симетријата, асиметријата, како и винтич формитње на елегантниот дамски накит и облека што пленеле со својата убавина, грациозност и елеганција. На сетовите од огрлици и обетки ќе стојат полудраги камења, високо квалитетни стаклени мионистра, како и монистра од мурано стакло.“ -истакнува Александра Вељановска  по повод оваа нејзина самостојна изложба во Галерија „КО-РА “- во ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.