Започна 44. издание на Џез фестивалот

Во Македонската опера и балет, со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, познато по џез интерпретациите на Шопен, стартуваше 44. издание на Џез фестивалот , кој и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани. Главната концертна програма се одржува во Националната опера и балет, додека пак документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ.

Инаку, реномираниот пианист Јагоџинск е добитник на орденот Gloria Artis за заслуги во културата и е еден од највлијателните фигури на полската џез сцена.
Истата вечер, во вториот концертен термин, настапи Националниот џез оркестар под водство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, со гостин солист Луис Бониља – американски тромбонист со меѓународна кариера. Оркестарот, кој од 2024 година има статус на национална институција, се истакнува со современ звук и соработки со светски музичари.

Организаторите на фестивалот најавуваат незаборавно музичко искуство за сите љубители на џезот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.