За генерациите што растат – “Колаж на македонска култура“ во Хрватска

Македонскиот КИЦ во Загреб во рамките на првиот патувачки Фестивал на македонски филм покрај редовните проекции низ 13 градови во Хрватска, со специјална проекција за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во во Пула, Риека, Сплит, Осиек и Загреб, изминатиов викенд повторно ги отвори вратите за најмладата публика.
Во рамките на проектот „Колаж на македонска култура“ беше организирана специјална проекција на краткометражниот игран филм ,,Подарок од веселиот молер”. Филмот е дел од програмата на првиот патувачки Фестивал на македонски филм, посветен на македонските филмски класици. Македонскиот КИЦ во Загреб, Фестивалот го реализира во соработка со Кинотеката на Македонија и Хрватската мрежа на независни киноприкажувачи.
Филмската вечер остави силен впечаток кај младите посетители, кои со голем интерес го следеа филмот и активно се вклучија во разговорите за темите што ги отвора. Посетата на македонскиот КИЦ и можноста да се запознаат со дел од вредностите на македонската култура и уметност претставуваа вистинско инспиративно доживување за учениците.
Пред филмската проекција, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, на учениците им ја претстави мисијата и активностите на македонскиот КИЦ, потенцирајќи ја неговата улога во промоцијата и афирмацијата на македонската култура, уметност, културно наследство како и во продлабочувањето на взаемната соработка меѓу Македонија и Хрватска.
Македонскиот КИЦ во Загреб изразува посебна благодарност до наставничките по македонски јазик и култура во Хрватска, Деспина Белчовска Велинска, Милена Георгиеска, Сашка Соломоноска Јаневска, Маја Јованоски, Марија Маркоска, Моника Јанкек кои го инцираа и реализираа проектот „Колаж на македонска култура“.
Ова е уште еден проект со кој с едокажува дека почитта кон сопствените корени се многу важни со сочувување и негување на македонскиот мајчин јазик.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.