Филмот „Ритам на животот“, на Филмскиот фестивал во Солун доби три награди

Долгометражниот филм „Ритам на животот“, e  соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ . Тој на 66 Филмски фестивал во Солун, каде што беше и премиерно прикажан, освои три награди.

Филмот доби две награди од публиката во категориите „Грчки филм“ и „Meet the Neighbors“, како и наградата „Crew United“.

Главен продуцент на „Ритам на животот“ е грчката продукциска куќа „Соул Продукција“, а копродуценти се и Дејан Крајчевски од македонската „Круг филм“, како и продукциски куќи од Бугарија, Кипар Црна Гора и Франција.

Филмот ја раскажува приказната за младата Лена, 20-годишна девојка која живее во Атина со семејството, работи во локален супермаркет, но поради сиромашниот живот секојдневието и е исполнето со напнатост и сака да започне свој живот, но сѐ ќе се смени кога ќе добие отказ, истовремено дознавајќи дека е бремена.

Премиерата беше во натпреварувачкиот дел „Meet the Neighbors“, а Баста изрази задоволство што филмот учествуваше токму во овој дел, бидејќи, како што рече, „самиот филм е создаден од земји кои се соседи, копродукција од неколку земји, повеќето се балкански земји Грција, Северна Македонија, Бугарија, Црна гора, како и Кипар и Франција“.

Сценариото на „Ритам на животот“ е на Димитрис Накос и Америса Баста, која воедно е и режисерка.

Во главната улога, во улогата на Лена е младата грчка актерка Елина Циорбаѕи, а кастингот е составен од млади актери, но и постари и веќе искусни актери од Грција и од Албанија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.