Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ја доби наградата „Жива“ за 2025 година за најдобар словенски локалитет. Наградата ја додели Форумот на словенски култури во Требиње, Босна и Херцеговина, каде се одржа и меѓународна конференција, а ја прими директорот на музејот Горан Патчев.
Во македонската делегација претставник беше и Сашо Блажески од охридскиот Музеј. Доделувањето на наградата се одржа под покровителство на Никола Селаковиќ, министер за култура на Република Србија и претседател на Управниот одбор на ФСК, кој додели специјална парична награда за победникот во категоријата „Најдобар словенски локалитет“. На настанот присуствуваа повеќе од 140 учесници од 10 словенски и три земји од светот.
Наградата ја додели Форумот на словенски култури во Требиње, Босна и Херцеговина, каде се одржа и меѓународна конференција, а ја прими директорот на музејот Горан Патчев.
Жирито за наградата „Жива“ е составено од 16 музејски експерти од различни словенски земји и Европската музејска академија (ЕМА). Македонски претставник во жирито е Маја Чанкуловска-Михајловска, реномиран виш кустос. Беа доделени награди, признанија и специјални дипломи на 13 музеи од 11 земји.