Почетна КУЛТУРА Театар за деца и младинци „Свадби на животни и нешта“ или откачени...

Театар за деца и младинци „Свадби на животни и нешта“ или откачени приказни за добра ноќ!

Што ли ќе се случи ако две нешта во собата се земат? Се вљубат и направат свадба и потоа имаат деца? На пример Камилата со Чајникот, или пак Каучот со Крокодилот?!

Овие откачени прашања, денес пред најомилената публика, децата, ги поставија актерите од Театарот Сенки и облаци. Претставата „Свадби за животни и нешта“ е работена според истоимената книга на Раја и Георги Господинови.

Оваа претстава предизвика бурни реакции кај публиката, односно смеа и радоста ја исполнија салата. За цело време, додека траеше претставата, децата комуницираа со актерите, обидувјќи се да учествуваат во пронаоѓање одговори на поставените прашања.

Инаку, Театарот Сенки и облаци е Граѓанска асоцијација за мултимедијална театарска уметност, креативност и култура, или дружина сенкаши која од далечната 2005 година ненаситно создава претстави со сенки наменети за големи и мали деца.
Инаку, оваа дружина има свој дом – самоодржлив независен простор (театар) во срцето на Дебар Маало, кој располага со сцена за настани од мал формат и изложбен простор отворен за сите заинтересирани организации и индивидуални уметници.

Оваа екипа уметници има мисија да создаде мобилна и независна театарска платформа која преку стариот медиум ќе истражи нови начини на изразување и ќе допре до публиката надвор од институционалната уметност.

Додека бара нови алатки, звуци и сенки, театарот бележи бројни соработки со визуелни уметници и изведувачи од други бранши, како и значајни гостувања во Турција, Бразил, САД, Русија, Грузија, Шпанија, Германија, Холандија, Франција, Грција, Србија итн.

Мартин Матас

metropolis-big